Арсенал допрва ќе трпи загуба поради елиминацијата од Европа Лигата, а пресметките за ланската сезона до мај велат дека топчиите веќе се зијан од околу 30 милиони евра.
Тоа се должи најмногу на неиграњеро во Лигата на шампионите, натпреварување каде Арсенал имаше најдолга серија од 19 настапи по ред, но и таа беше прекината.
Интересно е што приходите пораснаа за околу 10 милиони евра, но и платите растат во клубот од Лондон, што донесе загуба од 30 милиони евра во однос на претходната сезона.
Арсенал и годинава тешко ќе стаса до Лигата на шампионите, а најголемата шанса да ја продолжи надежта ја пропушти вчера со елиминацијата во Европа Лигата по поразот од Олимпијакос со 1:2 по продолженија.
Сумата од 30 милиони евра е еднаква на таа со која УЕФА го казни Манчестер сити по двегодишната забрана за настап во Лигата на шампионите.