Арсенал не можеше да поведе на полесен начин (Видео)

Арсенал покажува дека е дојден по победа на гостувањето кај Ватфорд. „Топчиите“ се во трка за четвртото место во Премиер лигата, а за да бидат поблиску до таа цел, потребна им е победа на гостувањето кај Ватфорд.
Гостите многу брзо стигнаа во добитна ситуација. Со голот на Пјер-Емерик Обамејанг дојдоа до водство во 10-тата минута, а една минута подоцна црвен картон доби капитенот на домаќините Трој Дини.
Погодокот кој го постигна Обамејанг беше навистина еден од најлесните начини да се затресе противничката мрежа, откако напаѓачот на гостите успеа да го стигне голманот на Ватфорд и само да го блокира неговиот удар, а одбиената топка заврши во мрежата.
- Оглас -

Најнови вести