13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Арсенал не се ни испоти за пласман во осминафиналето од англискиот Лига куп (Видео)

Фудбалерите на Арсенал им се придружија на Манчестер сити, Њукасл и Тотенхем, кои претходно победија против третолигаши и обезбедија пласман во осминафиналето од англискиот Лига куп.

И Топчиите за противник имаа екипа од третиот фудбалски ранг на Англија, Порт Вејл, па победија со 0-2 на гостински терен.

Еберечи Езе го постигна дебитантскиот гол во дресот на Арсенал за водство од 0-1 во осмата минута, а точка на победата стави Леандро Тросар со гол во 86-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести