Арсенал не се откажува, понуди 100 милиони фунти за Рајс

Екипата на Арсенал испрати нова, трета понуда за Деклајн Рајс. Таа изнесува неверојатни 100 милиони фунти или околу 116 милиони евра за фудбалерот од средниот ред на Вест хем.

Претходната понуда беше 90 милиони фунти, но таа експресно беше одбиена од страна на Чеканите.

Дваесет и четиригодишниот репрезентативец на Англија на 15 години уште во младинските категории се преселил од Челзи во Вест хем и веќе девет години е дел од клубот од Источен Лондон. За сениорската екипа на Вест хем има одиграно 204 натпревари и има постигнато 10 гола.

- Оглас -

Најнови вести