9.8 C
Skopje
вторник, 6 јануари 2026

Арсенал не се шегува, на адресата на Реал Мадрид пристигна понуда од 60 милиони евра

Од Арсенал најавија дека ќе бидат активни во јануарскиот преоден рок, а сега зборовите ги претвораат во дела. Според најавите од шпанските медиуми, лондонскиот тим упатил официјална понуда на адресата на Реал Мадрид и тоа за Родриго.

Топчиите веќе подолго време го имаат таргетирано бразилскиот репрезентативец, кој е еден од најдобрите во светот на неговата позиција. Родриго во Реал Мадрид е во сенка на останатите големи ѕвезди како што се Винисиус јуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингам, па нема да биде изненадување ако реши да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Најавите се дека Арсенал е подготвен да плати 60 милиони евра за Родриго да пристигне во Лондон. Останува на Реал Мадрид да одлучи дали вреди да ја прифатат оваа понуда за Бразилецот.

Арсенал моментално е лидер во англиското првенство со дури шест бодови повеќе од второпласираниот Манчестер сити и Топчиите едноставно се решени оваа сезона да не потклекнат во ритамот и на крајот да ја освојат титулата во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести