Арсенал не успеа во обидот да го ангажира одличниот голман на Јувентус, Емил Аудеро, кој досега бранеше како позајмен за Сампдорија и ќе продолжи во клубот од Џенова.
Јувентус ја одби понудата на Арсенал и се договори со Сампдорија за сума од 20 милиони евра да ѝ го продаде одличниот 22-годишен голман.
Ова е добра вест и за нашиот голман Дени Илиев, кој е една година повозрасен од Аудеро и ќе има една пречка помалку во обидот да му се приклучи на првиот состав на Арсенал. Моментно нашиот репрезентативец брани за младинскиот тим на клубот од Лондон.