4.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Арсенал не загуби ниту бод во ЛШ, но Ливерпул и Манчестер сити заработија повеќе од нив

Арсенал одигра перфектен лигашки дел на Лигата на шампионите и победи на сите осум натпревари со гол-разлика од 23 дадени и само четири примени гола, но и тоа не беше доволноза Топчиите да заработат најмногу пари од УЕФА.

Ливерпул, кој заврши на третото место, како и Манчестер сити од осмата позиција, заработија повеќе од УЕФА.

Топчиите од лигашкиот дел ќе добијат 83,1 милиони фунти, додека Ливерпул и Манчестер сити по 84 милиони фунти. Ова се должи на сложениот систем на распределба на парите на Европската куќа на фудбалот, според кој се вреднуваат не само резултатите, туку и клупскиот коефициент и уделот во маркетиншкиот дел.

Ако се земат предвид само резултатите, тогаш Арсенал доби најмногу за осумте победи – 35,1 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести