25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Арсенал нема да може против традицијата на „Олд трафорд“

(1007) Манчестер јунајтед – Арсенал (17:30ч)

Манчестер јунајтед од септември 2006 година не памети пораз од Арсенал на домашен терен во лигашки рамки. Таа традиција е голема пречка за Топчиите која веројатно нема да ја прекинат и по денешното дерби. Ќе биде 203 средба меѓу големите ривали во Премиер лигата, Јунајтед има подобар скор од 84 победи наспроти 71 на Арсенал, а според последните шест меѓусебни дуели на „Олд трафорд“ може да се очекува пресметка зачинета со погодоци на двете страни.

Топчиите редовно забиваа барем еден гол во последните шест гостувања во Манчестер, во кои загуби двапати со 2-1 и 3-2. Ѓаволите се во серија од три победи и реми во сите натпреварувања со гол-разлика 11-2, што значи дека во добро расположение ќе го пречекаат тимот од Северен Лондон.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

(3008) Наполи – Сасуоло (18ч)

Елиф Елмас го чека враќањето на терените откако закрепна од корона-вирусот, што може да се случи токму против Сасуоло, екипа против која досега играше двапати. Тренерот Гатузо за овој меч остана без капитенот Инсиње, а тој хендикеп е шанса повеќе за Елмас.

Повеќе од пет години Наполи не знае за пораз од Сасуоло, но составот на Ди Франческо игра одлично во новата сезона и е трет најефикасен во Серија А по пет кола со 16 погодоци. Гостите во овој меч ќе влезат десеткувани во отсуство на клучните Берарди и Капуто, но и уште тројца првотимци, а тоа може да биде клучен фактор за Наполи да ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.45)

 

(1308) Гранада – Леванте (18:30ч)

Леванте е во криза и се наоѓа во зоната за испаѓање по само шест одиграни натпревари во Ла Лига. Само еден триумф и реми, со четири порази е учинок кој екипата од Валенсија мора што поскоро да го поправи. Енис Барди досега играше во сите шест меча, но цели 90 минути одигра само против Реал Мадрид во поразот од 0-2 во кој македонскиот репрезентативец имаше најмногу истрчани километри меѓу соиграчите.

Потребен е блесок на Барди за Леванте да обезбеди позитивен резултат, со оглед на тоа дека веќе има постигнато гол против оваа екипа и нема пораз во две средби.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.65)

 

(1008) Тотенхем – Брајтон (20:15ч)

Шокот од Антверпен во ЛЕ беше лекција за Тотенхем да не потценува ниту еден противник, а во дуелот против Брајтон ќе се види колку фудбалерите на Жозе Мурињо ја научија. Петлите освоија 13 од максимални 15 бода во последните пет лигашки натпревари, додека пак Брајтон е во низа од четири меча без победа иако Галебите имаат добра реализација.

Ако се сметаат средбите во ФА купот и ЕФЛ купот од 2005 и 2014 година, Тотенхем ги доби сите пет меѓусебни дуели против Брајтон на домашен терен со просек од два постигнати погодоци. Со оглед на тоа дека Кејн и Сон се расположени, Петлите речиси сигурно повеќекратно ќе ја тресат мрежата на противникот.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.02)

 

(1710) Лил – Олимпик Лион (21ч)

Само Данските доги останаа непоразени во Лига 1 по девет кола, Лил има учинок од пет победи и три ремија за респектабилно второ место зад ПСЖ со 18 бода. Истото не може да се каже за Лион кој почна во променлива форма, но фати чекор откако ги доби последните два меча.

Иако Лил и Лион во последните 12 месеци двапати одиграа меч во кој се постигна само еден гол, таква неефикасност е реткост кога силите ги одмеруваат овие две екипи на стадионот „Пјер-Мару“. Со гол-гол и три или повеќе гола може слободно да се типува оваа средба како најатрактивна во деветтото коло на Лига 1.

Предлог тип: ГГ3+ (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести