Арсенал нема избор, мора да им се врати на победите

1301 Еспањол – Кадис (21.00 часот)

Еспањол се наоѓа во серија од дури шест порази во низа по што падна на претпоследното место на табелата со 27 бода, додека Кадис има четири повеќе и е 16-ти на табелата. Интресно е што Еспањол на шесте меча во кои загуби одигра ГГ3+, додека Кадис е тим кој тешко дава голови. На последните четири меѓусебни натпревари кои се играле во Барселона, секогаш славел Еспањол, а Кадис не постигнал ниту еден гол.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.85)

 

1701 Анже – ПСЖ (21.00 часот)

ПСЖ откако испадна од сите натпреварувања, може целосно да се фокусира на последните седум кола од Лига 1 и што побрзо да завери новата титула. Светците имаат осум бода пред второпласираниот Олимпик Марсеј кој викендов игра дерби против Олимпик Лион. ПСЖ пак му гостува на веќе отпишаниот Анже кој следната сезона ќе игра во Лига 2 и над кого славеше во последните 15 меѓусебни пресметки.

Предлог тип: 2-2 & 3+ (2.03)

 

1631 Волендам – Камбур (20.00 часот)

Ова е натпревар на два тима од долниот дел на табелата во Ередивизија, а далеку поголеми шанси да обезбеди опстанок има домаќинот. Волендам е 14-ти на табелата со 27 бода, додека Камбур е последен со само 16 освоени бодови и се наоѓа во серија од пет порази по ред. На меѓусебните натпревари редовно има голови, на последните осум меча, само на еден имало помалку од три гола.

Предлог тип: 1+I & 2+ II (2.35)

 

3001 Верона – Болоња (20.45 часот)

Верона со триумфот и ремито во последните две кола ги задржа шансите да обезбеди опстанок во Серија А, додека Болоња сè уште има шанса да игра во европските купови. Верона успеа да освои бод на гостувањето кај Наполи (0:0) и го победи Сасуоло (2:1), и е оддалечена само три бода од местото кое гарантира опстанок во Серија А. Болоња пак е во серија од пет меча без пораз, оствари две победи (Аталанта и Удинезе) и три ремија (Лацио, Салернитана и Милан) и со 44 освоени бодови се наоѓа на осмото место на табелата. Традицијата покажува дека редовно има голови на меѓусебните натпревари, но во последните осум години, само еднаш биле постигнати повеќе од четири гола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.10)

 

1001 Арсенал – Саутемптон (21.00 часот)

Арсенал со двата нерешени натпревари по ред против Ливерпул и Вест Хем на кои одигра идентични 2:2 и притоа прокоцка два гола предност, му дозволи на Манчестер сити опасно да се приближи на табелата и да ја направи максимално неизвесна трката за титулата.

Топчиите се лидери на табелата во Премиер лигата со 74 бода, четири повеќе од Манчестер сити кој има и натпревар помалку и на домашен терен ќе го игра одлучувачкиот меѓусебен дуел кој е закажан за 26. април. Поради тоа, Арсенал нема друга опција освен да слави вечерва над Саутемптон кој е последнопласиран на табелата и има три порази по ред. Последниот дуел што се играше на Емирати заврши со триумф на Топчиите од 3:0.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.04)

- Оглас -

Најнови вести