Арсенал е во серија од три порази и Лигата на шампионите е се подалеку за топчиите по денешниот нов неуспех против Лестер.
Лисиците беа многу подобри и поитри од гостите и заслужено славеа со 3:0. Јури Тилеманс со погодок во 59. минута најави триумф на домашниот тим, а со две итри акции во финишот Лестер ги потврди бодовите.
Голманот Каспер Шмајхел со долг дегажман го проигра Џејми Варди, а најдобриот напаѓач на Лестер од втор обид погоди.
https://twitter.com/golvideolartv/status/1122482334039728130
И веднаш потоа со уште еден гол стави печат на убедливата победа на популарните „лисици“.
Арсенал сега падна на петтата позиција со 66 бода, а има два меча до крајот на сезоната во Премиерлигата и шансите за пласман во Лигата на шампионите полека, но сигурно исчезнуваат.
Топчиите имаат адути за настап во ЛШ преку Европа Лигата, но само ако го освојат трофејот, а играат полуфинале против Валенсија.
Лестер со 51 бод е на осмото место и се надева на настап во Европа Лигата.