22.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Арсенал нема победа над Порто на гости, но вечерва е фаворит за триумф

6007 Порто – Арсенал (21.00 часот)

Порто во саботата беше сигурен пред своите гледачи и со 2:0 ја победи Естрела. Арсенал последните два меча во Премиер лигата ги играше на гости и оствари две убедливи победи од 6:0 и 5:0 над Вест хем и Барнли, а вечерва ќе се обиде од „трета“ да слави на гостувањата во Португалија. Топчиите досега трипати играле на „Драгао“ во ЛШ и немаат победа. На последните два меча загубија со 2:1 и 2:0, а на првото гостување ремизираа играјќи без голови. Но, Арсенал игра во одлична форма, Сака и Мартинели се фантастични во последно време и без проблеми го надоместуваат отсуството на повредениот главен напаѓач Габриел Жесус и вечерва се фаворити да дојдат до првиот триумф на „Драгао“.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.82)

 

6008 Наполи – Барселона (21.00 часот)

Точно по 24 часа, уште еден италијанско-шпански дуел во рамките на осминафиналето во ЛШ ќе се игра на „Чизмата“, но овојпат гостинот го има епитетот фаворит. И Наполи и Барселона се далеку од игрите кои ги прикажуваа минатата година, и двата тима многу тешко победуваат во домашните шампионати, но во подобра форма се наоѓа Барселона. Наполи уште сега ја предаде титулата во Серија А, а во последно време пред свиоте гледачи не може да победи екипи како Џенова. Токму дуелот со Џенова му пресуди на Валтер Мацари и нов тренер е Франческо Калцона, кој треба да ја крене екипата. Ниту Барселона не блеска сезонава, во саботата ја победи Селта со гол во 97-мата минута. Барселона на осум од последните девет натпревари одигра ГГ3+, додека Наполи на шест од осумте последни дуели прими гол.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.40)

 

1167 Ливерпул – Лутон (20.30 часот)

Ливерпул е апсолутен фаворит за победа над Лутон и сè освен убедлив триумф ќе претставува изненадување. Клоп има големи главоболки поради повредите на неговите играчи, Александер-Арнолд, Алисон, Жора, Џонс, Матип, Салах нема да му бидат на располагање на Германецот за вечерашниот дуел, но и покрај тоа, победата не треба да биде доведена во прашање. Лутон досега никогаш во клупската историја не го победил Ливерпул на „Енфилд“.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.25)

 

3172 Олимпија Љубљана – Домжале (15.00 часот)

Ова е натпревар од 22-рото коло во словенечкиот шампион во кој Олимпија Љубљана е голем фаворит за победа. Олимпија се наоѓа на второто место на табелата со десет бода помалку зад лидерот Целје, додека Домжале е седми и има серија од три порази по ред. Сезонава овие два тима веќе одиграа два меча меѓу себе и на двата победи Олимпија (2:0 и 2:1).

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (1.97)

 

6045 Гент – Макаби Хаифа (18.00 часот)

Ова е реванш-натпревар од нокаут-фазата во Лигата на конференции. Првиот натпревар заврши со победа на израелскиот тим од 1:0 иако Гент беше подобар тим. Макаби се наоѓа во серија од четири меча без пораз, додека Гент во неделата
со триумфот над Ојпен (2:0) во вистинско време ја прекина лошата серија од четири порази во низа и вечерва пред своите гледачи ќе ја има фаворитската улога.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести