6024 Рома – Ајакс (21.00 часот)
Рома славеше во Амстердам со 2-1, па логиката кажува дека би требало италијанскиот тим да се најде во полуфиналето на Лигата на Европа. Но, Ајакс утна пенал за 2-0 на првиот меч и којзнае што ќе беше ако Тади погодеше. Ајакс е многу незгоден гостин, Копјаниците нема да се помират со испаѓање и на празниот „Олимпико“ ќе тргнат да дадат минимум два гола. Не е невозможно Ајакс да ја затресе мрежата на Волчицата, но прашање е дали одбраната нема да прими гол. И традицијата најавува дека двата тима ќе дадат гол.
Предлог тип: ГГ (1.42)
6021 Манчестер јунајтед – Гранада (21.00 часот)
Англискиот тим треба рутински да ги одработи 90-те минути против Гранада и да се најде во следната фаза. Црвените ѓаволи како гости победија со 2-0 и завршија голем дел од работата во овој двомеч. Јунајтед речиси три месеци нема пораз на свој терен. Гранада викендов победи на гости кај Валјадолид и со зголемена самодоверба оди на „Олд Трафорд“, но овојпат противникот е многу посилен и нема да дозволи чудо.
Предлог тип: 1Х & 2-4 гола (1.71)
6023 Славија Прага – Арсенал (21.00 часот)
Арсенал во главниот град на Чешка е ставен на сериозен испит. Славија извлече 1-1 на првиот драматичен меч и сега им одговара и 0-0 за да одат понатаму. Ова значи дека Арсенал уште од почеток мора да нападне со сите сили. Славија нема пораз уште од 10 декември, кога загуби од Баер Леверкузен, но Топчиите на последните три гостувања даваа по три гола, еднаш во ЛЕ и двапати во Премиер лигата.
Предлог тип: Т2 1+пол. (1.85)
6022 Вилјареал – Динамо Загреб (21.00 часот)
Вилјареал со гол од пенал победи во Загреб со 1-0, а на реваншот олеснителна околност за шпанската Жолта подморница може да биде ако кај Динамо не настапи капитенот Адеми, кој е повреден и не се знае дали ќе игра. Унаи Емери е тренер кој е трофеен во Лигата на Европа и неговото искуство е плус за Вилјареал. Веројатно повторно нема да има дожд од голови и типуваме дека, за жал, тимот на нашите Адеми и Ристовски ќе биде елиминиран.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.70)
2835 Рандерс – Архус (19.00 часот)
Ова е реванш-дуел од полуфиналето на Купот на Данска. Рандерс како гостин победи со 2-0 и се наоѓа на прагот на финалето. Архус е во лоша форма, од 7 март наваму нема победа, а вечерва треба да брка победа од минимум два гола разлика. Архус не победил на гости кај Рандерс уште од 2014 година, а често играле нерешено. Во лигата Архус има шест бода повеќе. Квотата за победа на домашните е голема и вреди да се типува на нова нивна победа, иако тие би се задоволиле и со реми или минимален пораз.
Предлог тип: 1 (2.75)