Арсенал без многу проблеми, со убедливи 4:1 го победи Њукасл во меч од 26 коло на Премиер лигата. Со оваа победа Топчиите стигнаа до нови три бода и заедно со Манчестер сити и Ливерпул остануваат најсериозни кандидати за титулата. Арсенал сега имаат вкупно 58 поени и е на третото место на табелата, но со само еден бод помалку од Манчестер сити и два помалку од лидерот Ливерпул.
Во првата третина од средбата на „Емирати“, домаќините постигнаа два гола и веднаш покажаа дека нема да дозволат никакво изненадување. Прво Ботман си даде автогол, потоа Каи Хаверц зголеми на 2:0 во 24 минута.
https://twitter.com/i/status/1761485820425380208
https://twitter.com/i/status/1761487266604871984
Четири квалитетни минути беа доволни во второто полувреме за уште два гола во мрежата на гостите. Сака погоди за 3:0, а дефанзивецот Јакуб Кивиор зголеми на 4:0. До крајот на средбата, Њукасл постигна само почесен погодок.
Bukayo Saka brilliant finish!pic.twitter.com/ybBK1qwxLP
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 24, 2024
Jakub Kiwior header! Declan Rice great crosspic.twitter.com/iHGRm3HPQP
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 24, 2024