Лидерот на премиерлигашката табела, Арсенал, би сакал до крајот на јануарскиот преоден рок својот играчки кадар да го засили со Србинот Душан Влаховиќ.
Топчиите планираа да го купат Михајло Мудрик од Шахтар, но Челзи „им го украде пред нос“, па сега парите со кои сакаа да го земат Мудрик, би ги инвестирале во трансфер на Влаховиќ од Јувентус.
Влаховиќ е повреден во моментов и уште од 25 октомври нема играно официјален меч за Јуве, а во претстојниот викенд би требало да биде во составот за дуелот со Аталанта. Инаку, тој има дадено 16 гола на 36 меча за гигантот од Торино.
Старата дама го купи 22-годишниот Србин од Фиорентина за 81 милион евра, и не би го продале под таа сума, напротив, се спомнува дека би го продале Душан во јануари за минимум 100 милиони, а првата понуда на Арсенал е 80 милиони.