Арсенал освои 13 од последните 15 поени во Премиер лига

Арсенал без многу проблеми со 3:0 го победи Њукасл во меч од 19. коло во Премиер лигата. Пјер-Емерик Обамејанг беше творец на победата постигнувајќи два гола, додека еднаш погоди Сака. Топчиите доминираа во текот на целиот меч, упатија дури 11 прецизни удари кон голот на противникот, а три завршија во мрежата на гостите.

Победата на домаќините беше најавена во 50 минута кога Обамејанг погоди за 1:0, а 10 минути подоцна Сака зголеми на 2:0. Третиот гол за Арсенал повторно беше дело на Обамејанг. Тимот на Микел Артета влезе во одлична серија и има четири победи и едно реми во последните пет средби во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести