Арсенал не знае што сака – Не им даваат шанса на талентите, а им се лутат на другите клубови

Арсенал ќе го повлече Еди Нкетаја од Лидс во следните 48 часа и најверојатно ќе го испрати на нова позајмица во Бристол роверс.

Топчиите се незадоволни од минутажата што младинскиот репрезентативец на Англија ја има во Лидс, па најавија дека најпрво ќе го вратат Нкетаја во своите редови, а потоа повторно ќе го испратат на позајмица, најверојатно во Бристол роверс.

Интересно е што Нкетаја, кој е дете на клубот од Лондон, одигра само 5 натпревари за Арсенал, па тенок е изговорот на Топчиите дека во Лидс не добива шанса да игра кога и тие практично го заборавија својот талент.

Нкетаја е еден од најталентираните млади англиски напаѓачи. Во Арсенал на неговата позиција има голема конкуренција, тука се Обамејанг и Лаказет, па Еди мораше да се пресели во друг клуб откако слабо добиваше шанса да игра во Премиер лигата.

Кај лидерот во Шампионат лигата, екипата на Лидс, Еди пристигна во август годинава и во актуелната сезона постигна три гола за клубот од Јоркшир. Најчесто беше резерва, па во Арсенал сметаат дека 21-годишниот напаѓач треба повеќе да игра.

Интересно е што Бристол роверс во август ја загуби битката со Лидс за ангажман на Нкетаја, а сега амбициозниот член на втората по квалитет англиска лига веројатно ќе стигне до целта и ќе добие одлично засилување во зимскиот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести