Арсенал пак ќе се коцка – Нов Шпанец на клупата на топчиите

Фреди Љунберг не успева да направи пресврт во Арсенал и веројатно утрешниот меч против Вест Хем ќе му биде трет и последен како привремен кормилар на топчиите, кои веројатно ќе ризикуваат со уште еден дебитант.

Микел Артета е најсериозен кандидат за наследник на Љунберг, или поточно на неговиот шпански сонародник Унаи Емери, а дали поранешниот играч на Арсенал ќе биде новото решение на клупата ќе се знае во текот на оваа седмица.

Артета има закажано интервју со раководството на Арсенал и има големи шанси да ја почне тренерската кариера во својот поранешен клуб.

Тој го печеше занаетот како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити и веројатно според идеата на сегашниот менаџер на „граѓаните“ требаше да му биде наследник на „Етихад“, но Артета сака порано да почне со самостоја кариера како тренер.

Играше на 149 натпревари за Арсенал, постигна 16 голови и остави одличен печат во Лондон. Арсенал има серија од 10 меча без победа и веројатно ќе превземе голем ризик во кризна ситуација со именување на дебитант тренер во името на Микел Артета.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести