Арсенал плаќа 80 милиони евра, раце тријат Бетис и Америка со огромен ќар

Гвидо Родригес веројатно ќе се пресели од Бетис во Арсенал во летниот преоден рок за огромна сума од 80 милиони евра, од која голем ќар ќе имаат и клубот до Севилја, но и мексиканскиот гигант Америка.

Бетис лани го купи 26-годишниот Аргентинец за сума од 3 милиони евра, но псоедува 70 посто од правата при евентуална продажба на Родригес.

Америка одигра мудро и си задржа 30 посто од следниот трансфер на Родригес, па и тие ќе имаат голем ќар од околу 24 милиони евра, ако се остварат најавите дека Арсенал ќе ја плати отштетната клаузула од 80 милиони евра што ја одреди Бетис при потпишувањето на договорот со рок до 2024 година.

На контото на Бетис ќе одат 56 милиони евра, што е огромна заработка зод трансфер на играч што го платија само 3 милиони евра. Арсенал лани го купи Томас Парти од Атлетико Мадрид за 50 милиони евра, а играат на иста позиција со Родригес.

Парти не игра на нивото што го прикажуваше во Ла Лига, често е повреден, па испаѓа дека Арсенал ќе плати 130 милиони евра за да ја пополни позицијата дефанзивен играч за врска во тимот.

 

- Оглас -

Најнови вести