Фудбалерите на Тотенхем и Арсенал в недела ќе играат во големото лондонско дерби, кое ќе го одбележи петтото коло на Премиер лигата. Овие два тима се најголеми ривали, а неделниот меч ќе има посебно значење.
За првпат по сезоната 1985/86, Арсенал на гостувањето кај Тотенхем ќе игра со гостински дресови. Речиси четири децении траеше традицијата Топчиите на гости кај најголемиот ривал да играат во дресовите со нивната традиционална црвено-бела боја, но овојпат нема да биде така.
🚨BREAKING: Arsenal will wear their black away kit for the North London Derby on Sunday.
The Premier League ruled that the club’s home kit features too much white, therefore causing a kit clash with Tottenham. pic.twitter.com/CKN9YxmhQm
— now.arsenal (@now_arsenaI) September 10, 2024
Со одлука на Судиската организација на Премиер лигата (ПГМОЛ), Арсенал ќе мора да игра во темни дресови. Проценето е дека на „домашните“ дресови на Арсенал за оваа сезона има премногу бела боја и нема да може да ги користат за дуелот против Тотенхем.