Арсенал победува вечерва, Динамо Киев и Шахтар ќе си дадат барем по еден гол

ПАОК – Бешикташ (20 ч.)

Кога играат екипи од Грција и Турција меѓу себе, тоа секогаш е повеќе од само обичен дуел. Ривалството меѓу овие две земји е на секое поле, па сигурно дека дополнителни мотиви ќе биде вечерва да се помине препреката во ЛШ.

ПАОК е тим кој на девет од последните 10 натпревари одиграл од 0-2 голови, а дури четири од последните шест меча му биле 0:0. Точно еден месец помина од последниот натпревар на Бешикташ, па тоа може да биде и проблем за гостите кои не играа ни пријателски во овој период. Гигантот од Истанбул ретко прима голови, па може да има многу калкулации и борба подолга од 90 минути за да се дознае патникот во следната рунда.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.67)

 

Тирана – Црвена ѕвезда (20 ч.)

Српскиот првак две години по ред игра одлично во квалификациите за ЛШ и се пласира во групната фаза од елитното натпреварување. И вечерва Црвена ѕвезда ја има улогата на фаворит, но Тирана покажа дека е екипа која не се предава.

Албанскиот првак беше во улога на аутсајдер и на гостувањето кај Динамо Тбилиси, но на крајот успеа да победи со 2:0. Сега Тирана ја има предноста и на домашен терен, иако тоа не треба многу да значи затоа што се игра пред празни трибини.

Главниот адут на домаќините ќе биде борбеноста и цврстата одбрана, па ова не треба да биде меч на кој ќе има многу убавина и голови.

Предлог тип: 0-2 (1.80)

 

Шахтар – Динамо Киев (20:30 ч.)

Дуел на гигантите во Украина кој ќе решава за освојување на трофеј бидејќи ова е дуел од Суперкупот. Според составот на екипите и резултатите од последните меѓусебни средби, Шахтар е фаворит. Актуелниот првак нема пораз на последните 10 меча против Динамо во регуларни 90 минути игра.

Сепак, Динамо успеа да се радува на трофеј и оваа година, и тоа во Купот. На патот до пехарот, тимот од Киев го елиминираше Шахтар и тоа во меч кој мораше да се игра 120 минути. Се игра еден меч и доколку едниот тим рано поведе, нема да има многу калкулации.

Предлог тип: ГГ (1.65)

 

Базел – Винтертур (20:15 ч.)

Во Швајцарија уште се играат мечеви од сезоната 2019/20. На програмата денес е полуфинале од Купот. Базел е голем фаворит бидејќи игра против ривал од втората швајцарска лига.

Иако сигурно не треба да претставува голема закана за Базел, факт е дека Винтертур убедливо победи на последните три средби што ги одигра, и тоа со гол-разлика 14:0. Тоа треба да биде најава за отворен меч со многу погодоци.

Предлог тип: 4+ (2.07)

 

Арсенал Тула – Химки (19:30 ч.)

Меч на два тима кои очигледно ќе се борат за опстанок во новото првенство во Русија. Арсенал е со четири бода од четири кола, а Химки е еден од двата тима што досега не се израдувал ниту еднаш.

Реално, домаќинот ја има фаворитската улога, а Химки како тим кој до минатата сезона играше во втората лига, едноставно треба да се радува ако успее да се враќа непоразен од гостувањата.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести