Арсенал подготвен да плати 40 милиони евра за играч кој пред 10 дена стана европски првак

Мануел Локатели е „на пат“ кон Арсенал откако англискиот премиерлигаш упатил официјална понуда вредна 40 милиони евра за трансфер на ѕвездата на Сасуоло. Локатели пред помалку од две недели со Италија стана европски првак, и тоа токму со победа над Англија во Лондон, а сега главниот град на Островот може да му стане негова следна дестинација.

Освен Арсенал, за Локатели се интересира и Јувентус, но италијанскиот првак е подоготвен да даде „само“ 30 милиони евра за овој трансфер.

Играчот за врска беше во Милан од 2016 до 2018 година, а потоа беше даден на позајмица во Сасуоло, па потоа овој тим комплетно го откупи договорот на фудбалерот кој од лани е дел и од националниот тим на Аѕурите.

 

- Оглас -

Најнови вести