Долго се најавуваше дека од Арсенал има интерес за Виктор Ѓекереш и Бенџамин Шешко, но се чини дека „Топчиите сега имаат друг фаворит за напаѓачката позиција за следната сезона.
Ефикасноста беше проблем за Арсенал, а сега како идеално решение гледаат во светскиот шампион со Аргентина и член на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес. Фудбалерот минатото лето се пресели на „Ванда Метрополитано“ од Манчестер сити за 75 милиони евра, а неговата вредност сега изнесува 90 милиони евра.
Топчиите се подготвени да платат и повеќе од тоа, па се шпекулира и со сума од 100 милиони евра. Сепак, Атлетико Мадрид не сака да го ослободи фудбалерот и сигурно ќе се водат долги и тешки преговори, со оглед на тоа дека Алварес има договор до 2030 година.
Аргентинецот во двете сезони во дресот на Манчестер сити одигра 103 натпревари со ефект од 36 гола, но и шест трофеи, додека минатата сезона за Атлетико Мадрид настапи на 54 меча и постигна 29 гола.