Арсенал одигра одлично на тешкото гостување кај Лидс jунајтед и забележа убедлива победа од 0-4 во 24-тото коло на Премиер лигата.
Топчиите го отворија натпреварот со брз гол на Мартин Зубименди, а предноста ја удвоија со автоголот на Карл Дарлоу. Лидс немаше одговор на доминацијата на гостинскиот тим, а во второто полувреме Арсенал го комплетираше триумфот со головите на Виктор Ѓокереш и на Габриел Жезус.
Со оваа победа, Топчиите ја задржуваат седум бодови предност пред Манчестер сити.
Во останатите дуели, Борнмут ја оправда фаворитската улога и го победи Вулверхемптон со 0-2 на гостински терен, додека Брајтон славеше минимално, со 1-0 против Евертон.

