18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Арсенал кога последен пат бил во ваква ситуација, станал првак со двоцифрена предност

Арсенал со 2:0 го победи Тотенхем, и тоа на гостински терен, па сега Топчиите имаат 47 бода од можните 54 во Премиер лигата. Со ваков биланс, Арсенал е убедлив лидер со осум бода повеќе од Манчестер сити и девет плус пред Манчестер јунајтед и Њукасл.

Историјата вели дека по 18 кола во првенството, Арсенал немал ваква позитива во однос на ривалите уште од сезоната 2003/04. Таа сезона по 18 кола, Арсенал беше убедлив лидер, а на крајот Топчиите ја освоија титулата дури со 11 бода повеќе од второпласираниот. Ако овој тим на Арсенал продолжи во ист ритам, нивните фанови на крајот ќе може да се радуваат на нов трофеј.

- Оглас -

Најнови вести