Арсенал повторно размислува за трансфер на Адемола Лукман

По успешната сезона во дресот на Аталанта, Адемола Лукман повторно е цел на Арсенал. Англискиот клуб веќе еднаш се интересираше за него минатото лето, а првични контакти со италијанскиот тим беа воспоставени уште во август 2024 година. Во тој период интерес за Лукман покажа и Ливерпул.

Десет месеци подоцна, 27-годишниот офанзивец повторно се најде на радарот на Топчиите, кои го разгледуваат како потенцијално засилување за новата сезона. Аталанта го вреднува трансферот на околу 50 милиони евра, со можни дополнителни бонуси.

Лукман, кој има настапи за Чарлтон, Евертон и Фулам во Англија, смета дека ја исполнил својата задача во Серија А и дека е време да се врати во Премиер лигата со нова енергија и амбиција.

- Оглас -

Најнови вести