Арсенал прави чистка, си заминаа дури 14 играчи

Арсенал без ниту еден освоен трофеј ја заврши сезоната, иако Топчиите беа конкурентни во повеќе натпреварувања. На крајот, лондонскиот тим остана со празни витрини од оваа сезона, а тренерот Микел Артета реши дека е време за промени во играчкиот состав.

Од фудбалерите кои беа во стартниот тим си заминаа петмина, но има уште една голема група на фудбалери на кои им истекуваат договорите и нема да бидат продолжени.

Сега е познат списокот од пет играчи од првиот тим, како и голем број резервисти и играчи од академијата кои нема да бидат дел од тимот на „Емирати“ следната сезона.

Киран Тиерни и Натан Батлер-Оједеџи станаа слободни агенти откако не им беа понудени продолжувања на договорите. Од друга страна, Нето и Рахим Стерлинг ќе се вратат во своите клубови, поточно во Борнмут и Челзи, бидејќи нивните позајмици истекоа. Батлер-Оједеџи одигра два натпревари за првиот тим минатата сезона, но поради повреди немаше многу простор да се покаже.

 

- Оглас -

Најнови вести