Арсенал пред потпис со Шпанецот Москера

Арсенал направи важен чекор во трката за потписот на Кристијан Москера. Англискиот клуб веќе постигнал личен договор со 19-годишниот шпански репрезентативец, кој доаѓа од редовите на Валенсија. Сепак, трансферот сè уште не е комплетиран поради разликата во финансиските очекувања на двата клуба.

Првичната понуда од 14 милиони евра на Топчиите беше одбиена од Валенсија. Сега Арсенал се подготвува за подобрена втора понуда, а шпанскиот клуб, според медиумите, би прифатил сума од околу 20 милиони евра.

Москера, кој потекнува од младинската школа на Валенсија, минатата сезона беше стандарден член на првиот тим, со 41 настап и еден постигнат гол. Неговиот договор истекува следното лето, што значи дека клубот ризикува да го загуби без обештетување ако не го продаде во текот на оваа лето.

- Оглас -

Најнови вести