Арсенал прими гол од половина терен и разочара многумина (Видео)

Арсенал и Спортинг Лисабон ќе играат уште половина час фудбал за да го одредат патникот во четвртфиналето на Лигата на Европа, а можеби ќе треба да се шутираат и пенали.

Топчиите и Лавовите одиграа 1-1, а првиот меч во Лисабон заврши 2-2, па лидерот на Премиер лигата ќе води дополнителна борба против четвртопласираниот од португалскиот шампионат.

Вистински шок за Арсенал и навивачите беше голот на Педро Гонсалвес, кој го фати на спиење голманот Арон Рамсдејл и го лобуваше со шут од над 45 метри.

Понатаму одат Баер Леверкузен, кој со 2-0 го совлада Ференцварош, Ројал Унион Сен Жилоа, кој беше подобар од Унион Берлин со 3-0, и Рома, на која ѝ беше доволно ремито без голови на гостувањето кај Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести