Арсенал со победата на гости кај Клуб Бриж од 3-0 остана единствен тим во Лигата на шампионите со максимален учинок од 18 бода по шест кола. Добра вест за Топчиите е и што по многу долга пауза им се врати Габриел Жезус.
Манчестер сити го начека некомплетниот Реал за да победи 2-1 во Мадрид и ова е можеби последен меч за Чаби Алонсо како тренер на 15-кратниот европски првак.
Победи и Бенфика, која со 2-0 го совлада Наполи во 150-тиот меч за Жозе Мурињо како тренер во ЛШ. Елиф Елмас играше 81 минута.
Три бода собра и Јувентус, кој со два гола во второто полувреме го скрши отпорот на Пафос.
Двата меча во Германија завршија со истиот резултат, 2-2, изненадување е што Борусија не го победи Бодо/Глимт, а немаше гол во Билбао, каде што гостуваше ПСЖ.

