Фудбалерите на Арсенал продолжуваат да „газат“ во Премиер лигата и со победата над Барнли, одбележаа точно два месеци од нивниот последен пораз. „Топчиите“ на 31-ви август загубија од Ливерпул со 1-0, а од тогаш одиграа 12 меча во сите натореварувања, на кои имаат само едно реми против Манчестер сити во првенството.
„Топчиите“ рутински со 0-2 победија кај Барнли и сега имаат фантастични седум поени предност пред второпласираниот Борнмут. Победникот на овој меч беше одлучен уште по 30-тина минути игра, кога Арсенал веќе имаше 0-2. Головите беа дело на Ѓекереш и на Рајс.
Нотингем форест и Манчестер јунајтед одиграа возбудлив меч со четири гола, но на крајот немаше победник. Каземиро во 34-тата минута ги донесе гостите во водство, но „шумарите“ со два гола во 48-мата и 50-тата минута направија комплетен пресврт.
„Црвените ѓаволи“ се спасија од пораз во 81-вата минута со голот на Амад Диало.
Резултати:
Брајтон – Лидс 3-0
Барнли – Арсенал 0-2
Кристал палас – Брентфорд 2-0
Фулам – Вулверхемптон 3-0
Нотингем – Манчестер јунајтед 2-2

