Ждрепката за осминафиналните парови во Лига на шампиони беше немилосрдна за дел од европските гиганти, па во следната фаза меѓусебе ќе играат Реал Мадрид и Манчестер сити, но и Челзи против Пари Сен Жермен.
Но, имаше и екипи на кои среќата им се надмевна, па така Арсенал за противник го доби Баер Леверкузен, а ако Топчиите поминат понатаму, во четвртфиналето ќе го добијат подобриот од двомечот меѓу Бодо/Глимт и Спортинг.
Токму затоа не е чудно што по направената компјутерска пресметка, Арсенал во моментов се смета за прв фаворит за освојување на титулата во Лига на шампиони. Дури 27,4 отсто шанси да ја освои титулата имаат Топчиите, а ниту еден други тим нема над 15 отсто шанси според тие пресметки.
Интересно е дека најтрофејниот клуб во елитното европско друштво, Реал Мадрид е дури на деветото место на ова рангирање и моментално само 2,8 отсто шанси има Кралскиот клуб да биде на крвот на Европа.
Барселона има 7,7 отсто шанси да биде шампион, додека големиот сребрен трофеј да го кренат фудбалерите на Ливерпул е со 12,8 отсто. Германскиот гигант Баерн Минхем е втор, веднаш зад Арсенал со 14,3 отсто шанси да биде првак во ЛШ.
Очекувано , најмали шанси се даваат на Галатасарај, Бодо/Глимт и Баер Леверкузен.


