Арсенал прв тим кој после 10 месеци не прими гол од Брајтон, Астон Вила победи со „еден во два“ (Видео)

Арсенал и Астон Вила ги зазедоа првите две места на табелата во англиската Премиер лига, барем до завршувањето на дербито Ливерпул – Манчестер јунајтед.

Топчиите со 2-0 го победија Брајтон и станаа првиот тим по Фулам во февруари, кој не примил гол од Морските галеби. Брајтон имаше низа од 32 меча по ред на кои даваше гол. Брајтон сега има црна низа (негативен клупски рекорд) од 21 средби по ред на кои прима гол.

Астон Вила губеше со 0-1 од Брентфорд, а во 70-та минута играч на Пчелите доби црвен картон и Вила брзо ја искористи бројчаната предност на терен. Со голови во 77-ма и 85-та минута, тимот на менаџерот Унаи Емери направи пресврт. Победничкиот гол беше дело на Оли Воткинс, кој е поранешен играч на Брентфорд, и голот го прославуваше провокативно пред трибината на која беа фанови на тој клуб.

Во хаотичниот финиш и играч на Вила беше исклучен.

https://twitter.com/i/status/1736412080771568119

- Оглас -

Најнови вести