Арсенал е на врвот на табелата во англиската Премиер лига и тоа ќе остане така до католичкиот Божиќ.
Во британските медиуми веднаш се фатија со анализи што значи тоа. Арсенал досега четири пати бил првопласиран на Божик, ова му е трети пат во последните четири години, но никогаш не бил шампион во тие сезони (титулата ја освојувале екипи од Манчестер), и ќе мора да се обидат да ја урнат лошата традиција.
Од 33 сезони колку што се игра Премиер лига, во 17 титулата ја освоил тим кој бил лидер на табелата на Божик.
Челзи е тимот со најдобар скор, секогаш (пет пати) кога бил прв на Божик, таа сезона ја завршувал со титула во Премиер лигата.
Манчестер сити е тимот кој секогаш освојуваше титула во последните пет сезони кога шампион не бил тој што е прв на Божик.

