Арсенал првпат прими гол во 2021 година, и отпадна од ФА купот (Видео)

Саутхемптон се пласираше во осминафиналето на англискиот ФА куп, откако попладнево на свој терен го победи Арсенал со 1-0. Голот за тимот од јужниот дел на Англија беше автогол на Габриел, по шутот на Кајл Вокер-Питерс. Саутхемптон во следната рунда за противник го има Вулверхемптон.

Топчиите беа бранители на трофејот во ФА купот, но за првпат во клупската историја беа елиминирани од Саутхемптон со кого заедно со денешниот имале пет куп двобои.

За Арсенал ова е прв примен гол во 2021 година, немаа примено гол 508 минути, уште од мечот со Челзи на Боксинг деј, 26-ти декември, но за нивна несреќа си дадоа автогол и испаднаа од купот.

- Оглас -

Најнови вести