Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Сити и остана во трка со Ливерпул (Видео)

Фудбалерите на Арсенал му одржаа вистинска лекција на актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити, и го победија со убедливи 5-1. „Граѓаните“ оваа сезона воопшто не личат на екипата која се шеташе до титулите и дојде до трофејот од Лигата на шампионите, па во моментов се на делба на четвртата позиција со Њукасл и далеку од борбата за титулата.

Мартин Одегард уште во втората минута го отвори резултатот, а Манчестер сити израмни во 55-тата минута преку Ерлинг Халанд. Сепак, радоста за израмнувачкиот погодок траеше само 60-тина секунди, бидејќи Арсенал веднаш се врати во водство преку Томас Парти. До крајот за „топчиите“ погодија и Мајлс Луис-Скели, Каи Хаверц и Итан Нванери.

- Оглас -

Најнови вести