Фудбалерите на БАТЕ Борисов приредија подвиг со победа од 1-0 против Арсенал во првиот 16-финален меч во Лигата на Европа, иако моментно не настапуваат поради пауза во белорускиот шампионат.
Станислав Драгун со гол во 45-тата минута ги разоружа гостите од Лондон, кои беа фаворити, а претрпеа и пораз и останаа без Лаказет. Напаѓачот на Арсенал беше исклучен во финишот на мечот, па во реваншот нема да игра. Тоа е единствената победа на домашна екипа на натпреварите што се играа од 18.55 часот.
Во дербито од првата сесија, денеска Севилја забележа значајна победа против Лацио во Рим и ќе има предност од 1-0 за реваншот на „Санчес Писхуан“. Голот за триумф го постигна Висам Бен Једер во 22-рата минута. Во уште едно дерби Бенфика како гостин го надигра и го победи Галатасарај со 2-1, а фаворитската улога против Рапид во Виена ја потврди калчолигашот Интер. „Нераѕурите“ славеа со 1-0 со погодокот на Лаутаро Мартинес од пенал во финишот на првото полувреме.
Резултати: БАТЕ Борисов – Арсенал 1-0, Лацио – Севилја 0-1, Рапид Виена – Интер, Краснодар – Баер Леверкузен 0-0, Славија Прага – Генк 0-0, Рен – Бетис 3-3, Галатасарај – Бенфика 1-2, Олимпијакос – Динамо Киев 2-2.