Арсенал рутински до победа во градското дерби, Волците веќе го слават опстанокот (Видео)

Арсенал забележа рутинска победа над градскиот ривал Фулам со 2-1. Топчиите сега се на -9 од лидерот Ливерпул, но имаат и натпревар повеќе.

Микел Мерино во 37-мата минута го отвори резултатот, додека на 2-0 зголеми Бакајо Сака во 73-тата минута. Конечните 2-1 ги постави Родриго Муњис во 94-тата минута. За Арсенал ова е шести меч по ред без пораз во сите натпреварувања.

Значајна победа во битката за опстанок забележа Вулверхемптон, кој со 1-0 го совлада Вест хем на домашен терен. Единствениот гол беше дело на норвешкиот интернационалец Ларсен во 21-вата минута. Волците се на 17-тата позиција со 29 бода, дури 12 повеќе од 18-тиот Ипсвич и 19-тиот Лестер, кои се во опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести