Управата на Арсенал е заинтересирана во летниот преоден рок да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијас, кој моментно настапува на позајмица во Милан, пишуваат италијанските медиуми.
Топчиите се подготвени за овој трансфер да издвојат 30 милиони евра, сума која му одговара на Реал Мадрид бидејќи нема сериозни планови за повремениот шпански репрезентативец.
Дијас (23) сезонава одигра 31 натпревар за Милан и постигна пет гола. Тој во Реал Мадрид пристигна во 2019 година од Манчестер сити, а следната сезона беше испратен на позајмица во Милан. Договорот со Росонерите му истекува на крајот од сезоната.