Бразилецот Родриго сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот, а наводно Кралевите веќе му одредиле цена откако еден клуб ја контактирал нивната управа.
Родриго беше играч на одлука во многу натпревари за Реал Мадрид во последните сезони, но по пристигнувањето на Килијан Мбапе, неговиот статус се промени.
Шпанските медиуми пишуваат дека Родриго се лути на Карло Анчелоти бидејќи целосно паднал во втор план откако дојде Мбапе, и не сака повеќе да биде во сенка на некои играчи и е подготвен да го напушти клубот.
Бразилскиот напаѓач веќе им соопштил на челниците на Реал дека сака да си замине и дека ќе остане само ако новиот тренер разговара со него и го увери дека ќе добие многу поголема улога.
Како што стојат работите, продажбата на бразилскиот репрезентативец не би требало да биде проблем, бидејќи и многу клубови веќе покажаа интерес за него.
По објавата дека Родриго е незадоволен и сака да си замине, првиот кој реагираше е Арсенал. Топчиите веќе го контактирале Реал Мадрид за да се информираат за Родриго и покажале јасно колку сакаат да го доведет играчот ова лето на „Емирати“.
Затоа, Флорентино Перес не сака да ризикува и веќе ја одредил цената. Ако Родриго навистина сака да си замине од Реал Мадрид, тоа ќе може да се случи само доколку некој клуб плати најмалку 100 милиони евра за него.
Покрај Арсенал, Родриго се поврзува и со Манчестер сити, бидејќи Пеп Гвардиола не го крие своето восхитување за него.
Како што стојат работите, Родриго од следната сезона би можеле да го гледаме во англиската Премиер лигата.