Откако Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“ реди само победи со Манчестер јунајтед, навивачите се среќни за резултатите, но загрижени се поради фактот дека на неколкумина играчи им завршуваат договорите. Еден од нив кој може да си замине од Манчестер е Хуан Мата.
Договорот на Шпанецот е до крајот на сезоната, а од Манчестер најавија дека сакаат да го задржат уште некоја сезона. Сепак, Манчестер не е единствен кој го сака Мата во своите редови. Арсенал најавил трка за доведување на офанзивниот играч за врска.
Манчестер и Арсенал водат голема битка во Премиер лигата. Двата тима имаат по 44 бодови од 23 меча досега, а сега најверојатно ќе бидат и во трка за придобивање на потписот на искусниот шпански играч.