Фудбалерите на Арсенал многу потешко од очекуваното дојдоа до пласман во четвртфиналето од англискиот ФА куп, откако со минимални 1-2 славеа на гостувањето кај третолигашот Менсфилд.
Нони Мадуеке во 41-вата минута ги донесе „топчиите“ во водство од 0-1, но домашните преку Иванс во 50-тата минута стигнаа до изненадувачко израмнување.
Победничкиот гол за триумф на Арсенал беше дело на Еберечи Езе во 66-тата минута.
Освен Арсенал, пласман во четвртфиналето од ФА купот има обезбедено и Ливерпул.

