Арсенал се најголеми „трошаџии“ за ова лето

По катастрофалниот почеток во Премиер Лигата, раководството на Арсенал одлучи да го „одврзе“ ќесето и да потроши 170 милиони евра на засилувања, највеќе од сите останати клубови во Топ 5 лигите.

Откако претходно во тимот од Лондон пристигнаа Нуно Тавареш, Алберт Сами Локонга, Бен Вајт, Мартин Одегард и Арон Ремздејл, на „пет минути“ до 12 часот во оваа листа беше додаден и Такехира Томијасо кој пристигна од Болоња за 23 милиони евра. Иако многу други клубови направија „поголеми“ трансфери за далеку помалку пари, Арсенал се реши да направи поголем рез и значително да го подмлади тимот.

По три одиграни кола во Премиерлигата, „топџиите“ имаат катастрофален учинок од три порази, и се уште се без погодок, додека топката од својата мрежа ја вадеа дури девет пати.

- Оглас -

Најнови вести