Арсенал се посрамоти против двократниот европски првак (ВИДЕО)

Арсенал е надвор од ФА Купот откако загуби на гостувањето кај Нотингем Форест со 1:0 во рамките на третата рунда.

Тимот од Лондон не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол.

„Шумарите“ кои што во своите витрини имаат две титули од поранешниот Европски куп, а денешна Лигата на шампионите, направија изненадување над Премиер лигашот.

Луис Грабан во 83-та минута го постигна победоносниот гол за голема радост на членот во Чемпионшип лигата.

Со ова, Арсенал ќе сега ќе се фокусира во Премиер лигата, каде што главна цел ќе им биде враќање во топ четири, односно пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

- Оглас -

Најнови вести