Арсенал се преродува, Џани фантастичен во голеадата на Лидс (видео)

Арсенал дефинитивно е во фаза на преродување со втората последователна победа во Премиер лигата. Топчиите вечерва славеа со минимални 1-0 на гостувањето кај Брајтон, тимот против кого гигантот од Лондон немаше остварено триумф во претходните пет меѓусебни средби.

Лаказет беше човекот од одлука и се покажа како одлична замена на Артета. Францускиот ас влезе во 66-тата минута на местото од Мартинели и со првиот допир на топката, ја затресе мрежата на Брајтон само 43 секунди по неговото влегување во игра.

Со две врзани победи Арсенал направи подвиг на табелата за две места и сега има 20 бода, додека Брајтон тоне кон зоната за испаѓање и останува на 13 бода по 16 натпревари.

Езѓан Алиоски беше фантастичен во торпедирањето на Лидс на гости кај ВБА со 5-0. Македонскиот репрезентативец со прекрасната „бомба“ во 31-вата минута зголеми на 2-0 и го запиша вториот премирлигашки погодок, а тимот на Бјелса до паузата веќе имаше убедливи 4-0.

На головите на Алиоски, Херисон и Родриго, како и комичниот автогол на Сојерс, се надоврза и Рафиња поставувајќи ги конечните 5-0 во 72-рата минута.

Барнли со минимални 1-0 беше подобар од Шефилд јунајтед, без голови ремизираа Саутхемптон и Вест хем.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести