10.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Арсенал се прости од трофејот, Ливерпул продолжува понатаму во ФА купот (Видео)

Екипата на Арсенал го заврши настапот во ФА купот уште во третото коло, откако вечерва загуби со 0-2 од Ливерпул на домашен терен.

Премиерлигашкиот лидер во водство дојде преку автоголот на полскиот интернационалец Јакуб Кивор во 80-тата минута, кој во обид да ја избие топката, ја смести во сопствената мрежа.

Конечните 0-2 ги постави колумбиецот Луис Диас во 95-тата минута, откако домашните фудбалери тргнаа на се или ништо.

- Оглас -

Најнови вести