1.8 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Арсенал се вклучи во трката за Марк Гехи

Арсенал се вклучува во трката за потписот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи, објавија британските медиуми. Договорот на англискиот репрезентативец истекува во јуни, а менаџерот Оливер Гласнер веќе потврди дека клубот би можел да го продаде уште во јануари доколку пристигне соодветна понуда.

Во последните денови се зборува дека Манчестер сити подготвува понуда од 30 милиони фунти. Во исто време, Ливерпул останува сериозен кандидат. Црвените минатото лето постигнаа договор со Палас за 35+5 милиони фунти, но трансферот пропадна во последен момент. Сега Ливерпул повторно е активен, иако првично планираа да чекаат до крајот на сезоната.

Од друга страна, сè уште не е јасно дали Арсенал ќе дејствува веднаш или ќе почека до летото. Самиот дефанзивец може да избере да стане слободен агент за да договори подобри лични услови, но Кристал Палас инсистира на својата цена и бара околу 40 милиони фунти за правата на играчот.

Германскиот гигант Баерн Минхен и шпанскиот великан Реал Мадрид исто така го следат Гехи, но нивниот интерес е насочен повеќе кон летна офанзива.

Разврската може да се случи наскоро, бидејќи, според британските медиуми, Марк Гехи ќе се сретне со својот агент в понеделник за да ги разгледа сите понуди и да одлучи за својата иднина.

- Оглас -

Најнови вести