Арсенал и четвртипат по ред успеа да го победи Тотенхем на гостински терен во дербито на Северен Лондон. Триумфот од 1-4 за „топчиите“ значи и враќање на победничките патеки по двете нерешени средби против Брентфорд и Вулверхемптон.
Еберечи Езе во 32-рата минута донесе предност за „топчиите“, но радоста траеше само две минути, бидејќи Коло Муани во 34-тата минута израмни на 1-1.
Победникот беше решен во второто полувреме, во кое фудбалерите на Арсенал постигнаа два гола. Виктор Ѓекереш во 47-мата минуат го врати Арсенал во водство, а Езе со неговиот втор гол стави точка на триумфот. До крајот на мечот и Ѓекереш успеа да се запише и вторпат во листата со стрелците.
„Топчиите“ ја вратија предноста од пет поени во однос на Манчестер сити, но „граѓаните“ имаат меч помалку од Арсенал, па може да се вратат на минус два.

