25.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Арсенал се врати на „својата“ позиција а талентот продолжува со одличните игри (ФОТО)

Арсенал славеше на гостувањето кај Ватфорд со 3:2 и за прв пат сезонава ја запоседна четврттата позиција во Премиер лигата.

Меѓу навивачите уште од поодамна постои шега дека четврттото место во Англија му припаѓа само на Арсенал и никој друг, а по катастрофалниот почеток на сезоната, ова е одлично достигнување.

Лондончани поведоа со голот на Мартин Одегард во петтата минута, а само неколку мигови подоцна, Ватфорд израмни со гантастичен гол на Хернандез, за кого веќе пишувавме.

Сепак, тоа не го измести од колосек Арсенал кој поведе со голот на младиот Букајо Сака во 30-та минута. Воедно, ова за талентот е осми гол а има и пет асистенции со што е најдобар играч под 21 година со вакво остварување во Англија.

Потврда на победата на „точиите“ стави Александар Лаказет со гол во 52-та минута, а конечниот резултат беше дело на Муса Сисоко во самата завршница. Како што споменавме погоре, Арсенал сега е четвртти и има 48 бода, а еден помалку има Манчестер јунајтед кој за помалку од еден час ќе треба да го игра градското дерби со Манчестер сити.

Сепак, по крајот на ова коло, Арсенал ќе има три натпревари помалку од ривалот а доколку ги победи, ќе скокне дури и на треттото место каде што е Челзи.

- Оглас -

Најнови вести