-0.2 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Арсенал се врати на врвот, Лидс подобар од Кристал Палас (Видео)

Арсенал минимално го победи Евертон со 0-1 на „Хил Дикинсон стадион“ во 17-тото коло од Премиер лигата. Иако резултатот е тесен, Топчиите доминираа во текот на целиот натпревар, создавајќи шанси и постојано го притискаа противникот.

Во 27-та минута, Арсенал поведе откако Виктор Ѓокереш реализираше пенал кој го направи Џејк О’Брајан. За време на натпреварот, Арсенал погоди две стативи и постојано се закануваше, додека Евертон во 57-та минута, според многумина, требаше да добие пенал по стартот на Салиба врз Бери, но ВАР не покажа на белата точка.

Сепак, Арсенал ја држеше контролата над натпреварот и до крајот успеа да ја задржи предноста, со што се врати на првото место во Премиер лигата со два бода повеќе од Манчестер сити.

Лидс на „Иланд Роуд“ го победи Кристал Палас со 4-1 и продолжи со одличната низа, оддалечувајќи се од зоната за испаѓање. Доминик Калверт-Луин беше блескав, постигнувајќи два гола во првото полувреме, додека Итaн Ампаду го постигна третиот погодок по еден час игра, потврдувајќи ја победата на домаќинот и стабилноста во тимот на Даниел Фарке.

- Оглас -

Најнови вести