Арсенал се врти околу тезгата на Лион, но само разгледува

Арсенал има намера да донесе уште едно звучно име од редовите на Лион, по ангажманот на Александр Лаказет во 2017. Топчиите се интересираат за фудбалерот кој ја наследи капитенската лента токму од Лаказет, Набил Фекир. Францускиот клуб не ја исклучува можноста за разделба со офанзивецот, кој изразил желба да заигра во Премиер лигата.

Англиските медиуми тврдат дека за услугите на францускиот репрезентативец Арсенал ќе издвои околу 30 милиони фунти, многу помала сума од онаа на Ливерпул кога пред една година се обиде, но не успеа да го ангажира Фекир. Но, за да го убедат Французинот да се пресели на „Емирати“, прво ќе треба да соберат средства од продажба на неколку играчи кои не се во плановите на Унаи Емери.

Еден од нив е Месут Озил, но тешко дека ќе се најде клуб кој ќе му ја исплаќа платата на Германецот која ја заработува во Лондон. Озил сигурно нема да се откаже од 350.000 фунти. На излезна врата се наоѓа и Лукас Тореира, Уругваецот не е среќен во Англија и сака да се врати во Серија А, додека се очекува разделба на Арсенал со капитенот Лоран Кошќелни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести